ВМРО-ДПМНЕ се откажа од прекините во парламентот, Димовски побара седница за пратенички прашања без пауза

by Фокус

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, на почетокот на денешната седница за пратенички прашања упати неколку совети и сугестии до владата и парламентарното мнозинство, вклучително и да нема пауза на денешната седница.

-Најубаво би било и тие четириесетина минути да ги искористиме за поставување на прашања до владата – рече Димовски.

Ова барање на Димовски е сосема спротивно од досегашната практика на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, кои по парламентарните избори на крајот на 2016 година се групираше во 10 пратенички групи, кои преку постојани паузи ги блокираа и одложуваа парламентарните седници се до изминативе локални избори.

Поврзани новости