ВИДЕО: По 7 години од затворањето на А1, Велија се врати на Перо Наков

by Фокус

По седум години поминати во затвор, сопственикот на А1 телевизија и на весниците Време, Шпиц и Коха Ере, Велија Рамковски, се врати во објектот на Перо Наков каде беше сместена телевизијата и трите весници, затекнувајќи рушевини, шут и ѓубре.

Инаку, на 25 ноември 2010 година полицијата под контрола на тогашната власт на ВМРО-ДПМНЕ упадна во објектот со образложение дека треба да ги обезбеди припадниците на финансиската полиција да извршат финансиска контрола на фирмите сместени на оваа локација.

На крајот, целата операција заврши со апсење на Рамковски, членови на неговото семејство и негови соработници, кои беа обвинети за злосторничко здружување, а потоа и осудени на неколкугодишна робија.

Но, по промената на власта оваа година, Рамковски излезе од затвор и го посети објектот каде некогаш функционираше најглената телевизија и најтиражните дневни весници.

Поврзани новости