ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ сака апсолутна контрола над судството

by Фокус 21:11
21:11

СДСМ сака да се врати времето кога за 15 минути си бираше 617 судии и стотина обвинители, односно сака апсолутна контрола над судството, велат денеска од ВМРО-ДПМНЕ.

-СДСМ преку срамните притисоци врз судството го покажува своето тоталитарно лице и демократскиот капацитет. Затоа граѓаните го држат СДСМ далеку од власта. СДСМ вршеше притисок врз Уставниот суд и во 2009 година но тогаш за да ги поништи измените во законот за помилување. Дијаметрално различно од денешните ставови, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

- Advertisements -

Од владејчката партија додаваат дека ВМРО-ДПМНЕ останува на истиот став околу Законот за помилување како и во 2009 година, а СДСМ е партија која го менувала својот став во зависност од дневно партиските потреби, намерно создавајќи кризи.

Поврзани новости