ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ прави катастрофално лоши економски потези

by fokus

ВМРО-ДПМНЕ реагира на соопштението на СДСМ, од каде ветија покачување на минималната плата до 12 000 евра најдоцна до април.

-СДСМ денес дава ветувања од ракав, бидејќи знае дека нема да биде на власт и нема да треба да ги спроведува. Нивните ветувања ниту ги координирале со работодавачите, ниту ги базираат на реални економски пресметки. Доколку покачувањето на минималната плата не е во координација со работодавачите, истото може да повлече отпуштања и одложувања на отворање на ново планирани работни места. СДСМ и досега покажа дека влече катастрофално лоши економски потези, кои што до ден денес оставија несогледливи последици за македонското стопанство, работниците и македонската економија во целост – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости