СДСМ: Најдоцна до април – минимална плата од 12 000 денари

by fokus

Социјалдемократскиот сојуз информира дека мерката за покачување на минималната плата ќе почне да се реализира најдоцна до месец април.

-Тоа ќе значи дека работниците кои сега примаат 10.800 денари плата, најдоцна од април ќе примаат 12.000 денари.Тоа значи и дека работниците во текстилната и кожарската индустрија, кои сега примаат 9.000 денари плата, најдоцна од април ќе примаат исто така 12.000 денари минимална плата. Финансиски ќе ги поддржиме претпријатијата за да можат да даваат минимална плата од 12.000 денари – стои во соопштението.

Од партијата додаваат дека сите работници заслужуваат еднаков третман од државата и заштита на нивниот труд.

Поврзани новости