МНР до Дачиќ: Македонија и Србија имаат историски односи, не рушете ги

by fokus

Министерството за надворешни работи на Република Македонија се огласи со реакција на новогодишната изјава на српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ, кој рече дека „Србите се будали што ја признаа Македонија под уставно име”.

-Меѓу Србија и Македонија има многу блиски и длабоки пријателски односи и не е случајно што граѓаните во двете земји имаат многу позитивни чувства за соседите од другата страна.

На политичарите останува само да ги продлабочуваат тие историски односи. Доколку тоа не е возможно, тогаш треба да бидат одговорни барем да не го рушат пријателството кое постои меѓу Македонија и Србија, во двата правци“, велат од МНР, а пренесе Телма.

Ова, според МНР, треба да важи и во услови кога, како што велат, е очигледно дека се загрева атмосферата за следното гласање за влез на Косово во УНЕСКО.

Поврзани новости