ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ полнеше кутии со „бугарски воз“

by fokus

Целата изборна кампања помина во светло на изборен поткуп, уцена и закани врз гласачите, додека во текот на изборниот ден беше спроведен т.н. бугарски воз, со што кутиите беа полнети со гласачки ливчиња однапред заокружени за СДС, тврдат денеска од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-Имајќи ги во предвид доказите со кои располагаме и фото и видео материјалите објавени во медиумите станува јасно дека власта изврши тежок изборен криминал, систематски спроведен. Дополнително загрижува фактот што медиумите секојдневно излегуваат со нови докази за изборни криминали, а изборниот криминал, во вид на поткуп на гласачи и уцени продолжува и во вториот круг. ДИК стана соучесник во сето ова, занемарувајќи и релативизирајќи очевидни факти и докази, со што се стави во функција на прикривање на изборните криминали на СДС, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата побараа од ОБСЕ и ОДИХР да ги нотираат овие „очевидни криминали“ и да застанат на страна на демократијата.

Поврзани новости