Тајната соба на Димитриев во Владата се уште мистерија

by fokus

Во Владата на Република Македонија постои тајна соба во кабинетот на поранешниот премиер Емил Димитриев, која е мистерија за актуелната власт и пет месеци по падот на претходниот владин состав на чело со ВМРО-ДПМНЕ, пишува СДК. Актуелната власт на СДСМ ги добила клучевите од сите кабинети и канцеларии од зградата која беше реновирана, но без објаснување за функцијата на некои простории.

Димитриев беше избран за технички премиер за спроведување избори на 18 јануари, 2016, а остана на функцијата до 31 мај годинава. Тој не го користеше премиерскиот кабинет, во кој претходно седеше Никола Груевски, туку друга просторија во Владата.

САКАМДАКАЖАМ.МК доби ексклузивна можност да влезе и да ја фотографира тајната просторија.

Мермерните скали покриени со црвен дебел килим, десно од главниот влез од Владата на Република Македонија, водат до широк простор на првиот спрат. По повторно свртување десно, стигнавме до канцелариите и кабинетите во шестата кула во Владата, од вкупно седумте.

Поврзани новости