Досега никој не поднел тужба до Управен за одбиените жалби од ДИК

by fokus 13:25
13:25

До денеска во 12 часот нема поднесено тужби од партиите против одлуките на Државната изборна комисија (ДИК) за приговорите за првиот круг од локалните избори што се одржаа во неделата, потврдија за МИА од Управниот суд.

Рокот за партиите да поднесат тужби до Управниот суд е 24 часа и истекува вечер имајќи предвид дека ДИК синоќа им ги достави решенијата на политичките партии за чии приговори одлучуваше.

- Advertisements -

Денеска од ВМРО-ДПМНЕ најавија дека ќе поднесат тужби до Управниот суд за одбиените жалби од ДИК.

Поврзани новости