Од вкупно 3.000 илјади избирачки места на ниво на цела Македонија, со основано сомневање спорни се резултатите од 922 избирачки места, што значи дека во една третина од избирачките места СДСМ се потпрело на изборен фалсификат за да дојде до победа, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Дополнително, имаше масовен поткуп и притисоци кои се вршеше врз граѓаните за својот глас да не го дадат за ВМРО-ДПМНЕ. Полицијата на Спасовски беше во огромно присуство на сите избирачки места и во целиот тек на кампањата наместо да ги разреши нерегуларностите, таа беше директен учесник во поткупот и притисоците кои ги правеа активисти на СДС. Неретки беа случаите каде избирачки ливчиња од едно избирачко место беа пронаоѓани во друго, избирачки ливчиња во Кисела Вода беа наоѓани од Карпош, од Карпош во Кавадарци, од Кавадарци во Битола, од Битола во Велес, а беа прогласувани како важечки“, соопштија од опозициската партија.