ВМРО-ДПМНЕ: СДС со 350 милиони евра можеше да набави над 3700 вагони

by Fokus 10:38
10:38

„СДС потроши над 350 милиони евра што по основ на аукции на државни хартии од вредност, што по основ на трошење на девизните резерви.Од овие пари не се реализираше ниту еден проект. Од овие пари граѓаните не видоа никакво фајде, реагираа од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

– Со 350 милиони евра може да се набават над 3700 вагони. СДС не набави ниту еден. Парите расипнички ги потроши без да реализираа ниту еден проект во полза на граѓаните. Да беше владата на СДС одговорна власт и барем една десетина од средствата ги искористеше за набавки на товарни или патнички вагони ќе ги зголемеше капацитетите на македонските железници за три пати. Со тоа ќе се помогнеше не само претпријатието, туку и граѓаните и фирмите кои ги користат овие услуги – се наведува во партиското соопштение.

- Advertising -

Поврзани новости