536
Со цензурирани медиуми кои исто како и Премиерот не смеат да го пишат името Македонија не се стигнува во Европа, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
-Погазена е слободата на медиумите и новинарската фела помножена со нула како последица на договорот Заев – Ципрас. Државната новинска агенција МИА, е првата жртва на капитулантскиот договор за промена на името. МИА вчера наместо да ги информира граѓаните, беше принудена да ги дезинформира и тоа само затоа што на Грција и пречи одредена изјава на Заев. Само со еден укор од Атина, МИА мораше да ја повлекува изјавата која ја даде Заев, и да пишува друга, која тој не ја дал, но е по мерката на Атина. Цензурата врз МИА во детал ги покажува штетите од овој договор, велат од ВМРО-ДПМНЕ.