ВМРО-ДПМНЕ: Програмата на СДСМ е збир од нереални проекти

by fokus

ВМРО-ДПМНЕ реагира на економските мерки кои ги предложува СДСМ, за кои вели дека се лажни и нереални.

-Памфлетот кој СДСМ го нарекува програма, беше збир од нереални проекти, без рокови, финансиски импликации и тоа граѓаните го видоа и затоа им испорачаа десетти изборен пораз по ред. Граѓаните многу добро знаат дека СДСМ кога се во опозиција им тече мед и млеко од уста, а кога доаѓаат на власт се се претвора во пелин. Граѓаните ги паметат годините 2002 до 2006 кога СДСМ можеше нешто да направи за нив. Тогаш платите и пензиите се кратеа, тогаш работниците се отпуштаа од работа и невработеноста порасна до рекордни 39%, тогаш се противеа на концептот за минимална плата, тогаш за земјоделците не се одвојуваше ниту евро, тогаш даноците растеа, тогаш народните пари наместо за здравство завршуваа за бисери или за тендери за партиски фирми и уште десетици и десетици други катастрофални политики, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости