СДСМ: Сиромашните ќе плаќаат помалку, а богатите повеќе

by fokus

СДСМ денеска во соопштение презентираше дел од своите економски мерки и ветувања како насочување на парите кон граѓаните, намалување на трошоците за живот и зголемување на платите.

-Сиромашните ќе плаќаат помалку, а богатите ќе плаќаат повеќе. Нашата определба е фер даночен систем Семејствата со најнизок доход ќе бидат целосно ослободени од плаќањето јавни услуги. Се грижиме и за еднородителските семејства. Оние со пониска плата од просечната, ќе бидат ослободени од такса, јавен превоз, општински комунални давачки, давачки за градинка, за основно училиште. Ќе воведеме енергетски ваучери за струја и затоплување, за да им помогнеме на најзагрозените. Рековме дека ќе ја вратиме евтината тарифа на струјата. Граѓаните ќе имаат по два часа евтина струја и во текот на денот, а наместо само во недела, евтина струка ќе користат цел викенд.
За младите, ќе воведеме студентска платежна картичка со попусти за меѓуградскиот превоз и влезници за спортски и културни настани. На пензионерите со ниски примања, кои немаат свој имот и немаат поддршка од семејството, државата ќе им помогне да бидат сместени во старски дом. Ќе воведеме бесплатно болничко лекување за сите, за секој да може болнички да се лекува, ничие здравје да не зависи од тоа дали има пари, стои во соопштението.

Поврзани новости