ВМРО-ДПМНЕ: Предлогот за конзул Адамовиќ е на амбасадорот во Србија и ги исполнува сите критериуми за дипломат

by jadranka 14:33
14:33

Откако портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, денес на прес-конференција праша кој е Душан Адамовиќ и зошто е избран за почесен Конзул на Македонија, стигна експресен одговор од ВМРО-ДПМНЕ.

„Предлогот за конзул на Душан Адамовиќ доаѓа од амбасадорот на Македонија во Белград именуван уште од времето на владата на СДС и ДУИ.

Партијата на Башановиќ, СДС треба да разбере дека функцонира во Македонија и е опозиција во Македонија.

Не сакаме да се вмрежуваме во дневно политичките настани во соседна Србија иако желбата на СДС е огромна за тоа.

Споменатото лице ги исполнува сите критериуми потребни за негово поставување за конзул“, соопштија од ВМРО.

Слични вести