ВМРО-ДПМНЕ по Водици ќе ги објави кандидатите за техничката влада

by fokus

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ќе ги објави своите кандидати за министри и дополнителни заменик-министри во техничката влада по верскиот празник Водици, на нешто повеќе од две недели отсега, најави партискиот лидер Христијан Мицкоски во интервју за порталот „Прес 24“.

„После Водици ќе имаме целосна слика за престојниот состав. Не се брзаме на тој план“,вели лидерот на опозициската партија.

Мицкоски додава оти ВМРО-ДПМНЕ има голем број на кадри кои можат да одговорат на позициите кои се бараат.

Според Законот за Влада, во техничката влада на сто дена пред изборите, опозициската партија со најголем број пратеници во парламентот добива министри за внатрешни работи и за труд и социјална политика како и дополнителни заменик-министри во ресорите Финансии, Земјоделство и Информатичко општество.

Поврзани новости