ВМРО-ДПМНЕ: Општина Струмица искеширала 70 тендери и преку милион евра на фирмата на Цветанка Иванова

by Frosina Fakova

Општина Струмица склучила седумдесетина тендери тешки преку милион евра на семејната фирма на генералниот секретар на Собранието од редовите на СДСМ, Цветанка Иванова, обвини Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

– Фирмата „Дикор“ само од општина Струмица има добиено преку милион евра. Не еден, два или три тендери, туку 70-тина тендери тешки над милион евра.Па и од Заев ако е, многу е. Инаку фирмата „Дикор“ е семејна фирма на Цветанка Иванова, актуелен генерален секретар на Собранието и омилена пратеничка на Зоран Заев. Фирмата „Дикор“ во моментов е во сопственост на нејзиниот син Зоран Иванов, а претходно била во сопственост на нејзиниот сопруг Димчо. За фирмата „Дикор“ нема ни корона криза, ни економска криза. На 28 април си добива скоро 11 милиони денари од Општина Струмица. Пред тоа, во февруари добива уште 5 милиони. Само од октомври до април година, семејната фирма на Иванова со општина Струмица склучува договори тешки половина милион евра. Претходно, кога фирмата ја води сопругот на Иванова, со општината склучува 64 договори од кои 59 се во четири очи, односно без воопшто да се распише јавен повик. Сепак, тука не завршуваат бизнис релациите меѓу Иванови и Заеви. Синот на Цветанка, Зоран Иванов заедно со Трајче Заев, братучедот на Зоран Заев ја основаат фирмата Омни Градба. Антикорупциската комисија од декември минатата година молчи за доделените тендери за чистење снег на фирмите на генералниот секретар на македонското собрание, Цветанка Иванова, обвини Ѓорѓиевски.

Поврзани новости