ВМРО-ДПМНЕ: Новата влада намерно ја блокира изградбата на Клиничкиот центар

by Fokus 13:50
13:50

„Новата влада на СДС и Заев, продолжува со политиката на блокирање, уривање и укинување на проектите кои владата на ВМРО-ДПМНЕ ги заврши или почна да ги реализира во предходниот мандат, реагираат од опозициската партија.

– Три месеци поминаа од владеењето на неспособниот министер Таравари и антиреформската влада на СДС, а уште нема ниту камен ставено на веќе подготвениот проект за изградба на нов клинички центар. Наместо да почне изградбата на новиот клинички центар „Мајка Тереза“ за кој беше и потпишан и договор за почеток на изградба со градежните компании, СДС и Заев заради свои лични фрустрации измислувајќи разни изговори, решија овој капитален проект од витално значење за државата, да го блокираат и замрзанат – се наведува во партиското соопштение.

 

- Advertising -

Поврзани новости