Мртов маж донесен во Градска болница „8 Септември“, телото предадено на обдукција

by Fokus

Починато машко лице вчера околу 13:40 часот било донесено во ГОБ „8-ми  Септември“.

Од полицијата информираат дека случајот кај нив е пријавен од болницата.

Г.Г. (39) од скопско Драчево бил донесен во болницата со возило на Итна медицинска помош, но засега не е познато кои се причините за смртта.

По наредба на Јавното обвинителство  телото на починатиот ќе биде дадено на обдукција.

Поврзани новости