ВМРО-ДПМНЕ: Нема да дозволиме Заев да си поигрува со реалниот живот на граѓаните

by Фокус

ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи Зоран Заев да си поигрува со реалниот живот на граѓаните, а со емитување на истите креирани, монтирани, лепени и прелепувани разговори, Андреј Жерновски се кандидраше за наградата Златна копија на годината во филмот режиран од странски центри, а продуциран од Зоран Заев, Зоран Верушевски и врхушката на СДСМ, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на денешната пресконференција на Андреј Жерновски на која беа презентирани разговори на државни функционери кои договараат фалсификат на последните локални избори.

Понатаму во реакцијата на владејачката партија се вели дека наместо СДСМ да се посвети на своја програма, предлози, проекти и идеи за подобар живот на граѓаните, да понуди алтернатива и здрава критика кон реалните политики, тие се одлучиле да креираат сценарија за дестабилизација на државата, за нарушување на меѓународниот углед и за преземање на власта по секоја цена.

Поврзани новости