Во понеделник средба на работните групи за новиот закон за образование

by Фокус

Работните групи составени од претставници од Студентскиот и Професорскиот пленум, од Министерството за образование и наука и од Универзитетскиот сенат, ќе се состанат во понеделник во Ректоратот на УКИМ, пренесува радио МОФ.

-Се одложи една средба, поради технички проблеми. Следна средба ќе се одржи на 16-ти (понеделник) во ректоратот на УКИМ. За работната група, самиот Пленум веќе започна со состаноци, засега студентите разгледуваат идеи. Со конкретна работа ќе се започне откако ќе се утврди методологијата на понатамошната работа. Досега има само груби идеи за тоа како би изгледал Законот за високо образование“, велат за радио МОФ од Студентски пленум.

Студентскиот пленум и Министерството за образование пред две недели договорија носење на нов закон за високо образование, чиј текст ќе го донесат работните групи. Од пленумот соопштија дека добиле ветување од министерството дека во новиот закон нема да има државен испит, за што од министерството молчат.

Поврзани новости