ВМРО-ДПМНЕ: Не знаеме што договорил Заев во Давос, но притворените се жртви на класичен терор и политичка инквизација

by Fokus

Што договорил Заев во Давос на средбата со грчкиот премиер Ципрас? Зошто грчките власти инсистираат да не се излегува од рамката на тој договор? Што се крие од македонската јавност, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

– Во земјава владее целосен молк по овие прашања кои се погласно се поставуваат. Власта избегнува одговори и секојдневно се прави дефокус со разни теми. Затоа невини луѓе, патриоти, се обвинуваат за тероризам и се држат во притвори. Демократијата и владеењето на правото се деградирани во Македонија под власта на СДСМ. Десетици луѓе се притворени без основ и врз нив се врши политички терор, само затоа што имаат спротивен политички став од Зоран Заев – се наведува во партиското соопштение.

Од таму тврдат дека притворените се жртви на класичен терор и политичка инквизиција во современа Европа во 21 век.

Правата на притворените беа прекршени и при нивното апсење, факт кој го констатираше и Народниот правобранител. Факт кој беше игнориран од МВР – продолжува понатаму во соопштението.

 

Поврзани новости