Загина 14-годишник откако со мотоцикл удрил во паркирано возило

by fokus

14-годишно момче од село Долно Палчиште-Тетово  почина на лице место откако со мотоцикл удрил во паркирано патничко моторно возило „Опел Астра“ со тетовски регистарски ознаки.

Инцидентот се случил вчера околу 13.50 часот на локалниот пат во село Долно Палчиште, тетовско. Момчето со иницијали И.И. го управувало мотоциклот без регистарски ознаки кога удрил во „опел астрата“. Од здобиените повреди починал на местото на настанот, а извршен е увид од страна на увидна екипа на СВР Тетово.

Поврзани новости