ВМРО-ДПМНЕ: Ќе поднесеме тужби против СДСМ доколку не престане незаконското именување на директори

by fokus

„Незаконското именување на функционери од владата на СДСМ значи криминал. Криминалниот почеток ќе доведе до уште поголем криминал. Секоја одлука кој ја потпишуваат незаконски именуваните директори е незаконска. Тие ќе ги блокираат институцииите. И ќе има одговорност за тоа“, изјави денеска на прес-конференција пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска.

Стојаноска реагира на предлогот на Владата за директор на агенцијата за државни службеници, да биде поставен Спасе Глигоров кој е и член на Извршниот одбор на СДСМ.

„Ова е почеток на партизација на администрацијата, и затоа толку грчевито се борат за тоа. Дополнително ниту еден од новоназначените директори не ја исполнува обврската за познавање на англиски јазик. Тие предлагаат и именуваат непрофесионални и некомпетентнни личности. Најавуваме дека доколку СДСМ не се повлече ќе следуваат кривични тужби. Законот мора да се почитува. Незаконие мора да престане и да му се стави крај“, изјави пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости