ВМРО-ДПМНЕ: ЈО да го повика Филипче на информативен разговор за скандалот тежок 37 милиони евра

by irena 09:32
09:32

Откако се продлабочи политичкиот конфликт меѓу Венко Филипче и Славјанка Петровска, Филипче излезе со сериозни обвинувања за наводен скандал вреден 37 милиони евра, поврзан со периодот кога Петровска беше министерка за одбрана, наведува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.

Од партијата велат „Филипче да не молчи и да престане со двојните аршини, доколку навистина се залага за европски вредности и борба против корупцијата. Филипче да каже од кога знаел и зошто за овие наводи Филипче не зборувал порано?“.

„Ако со вакви информации располагал зошто не ги доставил до надлежните институции? Дали станува збор за сознанија што ги имал и претходно, или за тема која ја отвори дури откако започна политички судир со Петровска? Ова не смее да остане на ниво на меѓусебни обвинувања. Ако Филипче има докази, нека ги достави до ЈО. Ако има сознанија, нека ги обелодени. Бидејќи кога се зборува за 37 милиони евра, не станува збор за внатрепартиска кавга, туку за јавен интерес и за одговорност пред граѓаните. Затоа Филипче ако знаел, зошто молчел, а проговори дури откако се скара со Петровска?“ прашуваат од владејачката партија.

Потсетуваат „Филипче треба да знае дека непријавување кривично дело или сторител е казниво согласно Член 364 од КЗ и за тој што свесно ќе пропушти да пријави кривично дело“.

Слични вести