Економски неуспеси, неисполнети ветувања, селективна правда и корупција – ова според интерпелацијата што пратениcите на ВМРО-ДПМНЕ ја потпишаа денска, ќе бидат главните аргументи со кои како што велат ќе го разобличат штетното владеење на Зоран Заев и неговиот кабинет по нецела година, но и ќе се обидат да ги убедат колегите од законодавниот дом, да дадат поддршка. Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ за тв 24 вели дека имаат многу аргументи зошто колегите од собранието треба да ги поддржат.
-Се однесуваат на катастрофалната работа на оваа влада во сите сегменти, најмногу на економскиот дел, на политишкиот терор, на пропустите во работата во сите министерства, вели Драган Данев – координатор на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ.
Дека очекува на првата поствелигденска седница пратениците да расправаат за доверба на Владата на Зоран Заев на понеделничката координација најавил и собранискиот спикер Талат Џафери.