ВМРО-ДПМНЕ: Груби да престане да се однесува како инфлуенсер од српска Задруга

by fokus

Очигледно Артан Груби вознемирен од фактот што ДУИ може да оди во опозиција измислува пораки од Христијан Мицкоски, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на денешната изјава од вицепремиерот Артан Груби дека Мицкоски во 2020 година преку СМС порака им нудел две години премиер Албанец.

-Груби веројатно се помешал со срцепарателните пораки и молби и лелеци до Ковачевски да не го пушти во опозиција. Ако Груби ја губи власта, барем нека не го губи достоинството со измислици и лаги. Груби да престане да се однесува како инфлуенсер од српска Задруга, туку како вицепремиер на владата во заминување,  велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости