ВМРО-ДПМНЕ: Го прашуваме Филипче и директорката, која е семејна пријателка на Заеви да кажат колку бебиња починале на Гинекологија?

by Fokus

Владата на Зоран Заев го урниса здравствениот систем. Доказ се секојдневните скандали кои се случуваат и кои за жал пациентите и граѓаните ги плаќаат со сопственото здравје и живот, истакна Драги Јовевски на денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ.

-Според информации кои не се потврдени во последните 10 дена на Гинеколошко акушерската клиника се случиле неколку смртни случаи на новороденчиња, случаи за кои било строго забрането да се информираат медиумите. Со цел да ја разрешиме оваа тензија која владее кај граѓаните и кај пациентките на ГАК, отворено го прашуваме министерот за здравство, Венко Филипче и директорката на ГАК, инаку семејна пријателка на Заеви, колку смртни случаи на новороденчиња се случиле, а за кои не била информирана јавноста? Кои се причините за тоа? Дали е пронајдена опасната бактерија М Р С А во креветчињата на новороденчињата и конечно дали некој ќе сноси одговорност? Прашуваме дали воопшто нешто се презема за овие случаи?

Недозволиво е, додаде тој, во терцијарните, здравствени установи да се случуваат вакви состојби.

Поврзани новости