Владата ќе го укинува временското ограничување за продажба на алкохол

by fokus

Министерството за економија подготвува измени на Законот за трговија со цел да се укинат ограничувањата во продажба на алкохолни пијалоци во трговијата на мало, кои беа воведени во 2008 година.

Основните решенија на Предлог-законот предвидуваат продажбата на алкохолни пијалаци во трговијата на мало и понатаму да се врши во лиценцирани продажни објекти, без ограничување на времето за продажба и без посебни услови.

„Предложените изменувања и дополнувања во Законот за трговија се во функција на укинување на ограничувањата во Законот кои се однесуваат на ограничувањето на времето на продажба на алкохолни пијалаци во трговијата на мало, како и уредување на условите за вршење на трговија со необработени дијаманти. Наведените ограничувања го намалија бројот на продажни места преку кои производителите на вино и пиво во земјата го вршеа својот пласман (ова особено во руралните средини), без јасно да се постигне целта за намалена консумација на алкохол кај малолетниците. Единствено што се постигна – се ограничи, односно се намали бројот на трговци на мало кои одлучија да продолжат да продаваат алкохолни пијалаци во рамки на времето пропишано во Законот за трговија. Ваквата состојба ја намали продажбата на алкохолни пијалаци, особено продажбата на вино и пиво во земјата“, се вели во законското образложение.

Поврзани новости