Собранието ги преведе амандманите за Законот за јазици

by fokus

Собранието на Република Македонија попладнево соопшти дека сите амандмани поднесени за Законот за употреба на јазиците, се преведени, архивирани и ставени на е-парламент и ќе се разгледаат според одредбите од собранискиот Деловник, по што законот ќе биде разгледан на пленарна седница.

-Сите амандмани се архивирани, обработени, преведени и ставени на е-парламент. Со оглед на големиот број амандмани, истите потребно е да се разгледаат и да се постапи по нив според Деловникот за работа на Собранието, по што Законот за јазици ќе биде разгледан, стои во соопштението на Собранието.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ поднесе 35.000 амандмани на Законот за употребата на јазиците, со што се оддолжи процедурата на донесување.

Поврзани новости