ВМРО-ДПМНЕ: Главниот град наликува на сцена од криминален филм

by Fokus

Република Македонија се претвора во ветена земја за криминалците и тоа нема да се смени со промената на името и идентитетот што ги предлага Заев, се наведува во соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму наведуваат дека јавноста е сведок на постојани нарушување на безбедноста, а како што велат, одговорност нема за никого.

Главниот град Скопје наликува на сцена од криминален филм, а не на град каде што граѓаните можат да живеат без да се плашат за сопствениот живот и животот на најблиските. СДСМ ја уништува државата, а безбедноста на граѓаните е ставена под знак прашалник. Откако е СДСМ на власт секојдневно сме сведоци на насилства по улиците, неразјаснети убиства и криминални вооружени пресметки низ целата држава. Едноставно криминалот царува, а безбедноста не ја гарантира никој. Брутални убијци се шетаат на слобода, а доказ за тоа е егзекуторот што среде бел ден, на прометна улица го ликвидираше младиот фудбалер Мартин Јанушев. Поминаа десет месеци, против убиецот нема никаква постапка и не е приведен“, стои во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ ги повикуваат сите граѓани кои не се согласуваат со штетните политики на, како што велат, криминалната влада на Зоран Заев и СДСМ да дојдат во недела во 13 часот во Охрид на голем протестен марш.

 

Поврзани новости