ВМРО-ДПМНЕ: Филипче наместо мерки води ПР со епидемијата

by Fokus

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска повторно излезе со обвинувања за министерот за здравство, Венко Филипче и го повика, како што велат, „да собере храброст и да поднесе оставка“.

-Филипче нема кого не обвини за својата неспособност, ама редно време е да собере храброст и да поднесе оставка. Неспособноста на власта да се справи со епидемијата граѓаните ја плаќаат со своето здравје и со своите животи. Премногу долго Филипче се справуваше со заразата само со гол ПР, со статистички прес конференции, со флоскули дека сѐ е под контрола и заради тоа имаме катастрофална состојба. Вирусот се шири без контрола, никој не знае какви кластери има, граѓаните не можат да закажат тестирање, а за жал сѐ повеќе луѓе не можат да си обезбедат здравствена заштита и нега. Филипче и Заев имаа девет месеци да се подготват за есенскиот бран, арно ама ништо не сработија. Наместо мерки тераа политика, наместо заштита на граѓаните тие водеа политички маркетинг. Резултатот на тоа сега е држава која е црн рекордер во регионот и пошироко во Европа по број на заболени и смртност, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости