ВМРО-ДПМНЕ: Економијата тоне, а Заев замина да се вози на мотор една недела

by Фокус

Ниту една метла и ниту една оставка не може да ја надомести штетата која Зоран Заев, Драган Тевдовски и Кочо Анѓушев ја нанесоа на македонската економија за две години власт, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Македонската економија е пред колапс, граѓаните леб немаат, а на Заев му е најважно цела недела да си се извози на скапиот мотор. Сите економски показатели укажуваат на фактот дека македонската економија тоне, поради погубните економски политики на криминалната и одродена власт на Зоран Заев. Додека граѓаните се борат за парче леб, функционерите на власта ги бројат милионите на своите сметки, заработени преку криминални тендери и грантови на грбот на граѓаните“, стои во партиското соопштение.

Од опозициската партија велат дека владата на СДСМ за две години потроши 7 милијарди евра буџетски пари, без да се реализира ниту една крупна капитална инвестиција.

Поврзани новости