Пендаровски: Промената на границите е рецепт за конфликт на Балканот

by Фокус

Новиот македонски претседател Стево Пендаровски вели дека идејата за поделба на границите на Балканот води кон нови конфликти. Откако ваквите идеи се актуелизираа како можно решение на спорот меѓу Србија и Косово, Пендаровски вели дека тоа нема поддршка во Европа и САД.

– Полоша идеја од оваа не сум слушнал. Сите знаеме дека промената на границите, каде и да се случи, е рецепт за конфликт. Да можеше оваа работа така да се реши на маса, до сега ќе беше решена. Но, оваа идеја, според информациите кои ги имам, нема подрршка ниту кај одлучувачките фактори во Европа и во САД. Јас со двете раце го поддржувам ставот на Европската унија која се залага за решение кое ќе го постигнат Белград и Приштина и кое нема да го дестабилизира регионот, туку ќе придонесе за негова стабилност – изјави Пендаровски во интервју за РТК.

Поврзани новости