ВМРО-ДПМНЕ до Рот: ВМРО-ДПМНЕ останува цврсто на својата евроатлантска определба

by fokus

Тим од ВМРО-ДПМНЕ, во состав од потпретседателите Александар Николоски и Владо Мисајловски и генералниот секретар Игор Јанушев, денеска оствари средба со државниот секретар за европски прашања во министерството за надворешни работи на СР Германија, Михаил Рот и германскиот амбасадор во земјава Томас Герберих.

Од партијата информираат дека нивните претставници посочиле дека ВМРО-ДПМНЕ останува цврсто на својата евроатлантска  определба и дека партијата е силно посветена на процесот за придвижување кон ЕУ и НАТО, што е докажано и со вклученоста на ВМРО-ДПМНЕ во квалитативното подобрување на реформските закони,  кои беа  предуслов за враќањето на безусловната  препорака на Европската Комисија за почеток на  преговори со  ЕУ.

-Од страна на ВМРО-ДПМНЕ беше посочено и слабиот капацитет на власта за реформи, кои до пред вклучувањето на ВМРО-ДПМНЕ во реформскиот  процес се одвивале бавно. Но и несериозноста на власта во водењето на државата и поставување на луѓе кои претставуваат безбедносен ризик за САД и се на црната листа за влез, на советничка позиција во владата. Претставниците на ВМРО-ДПМНЕ ги информираа своите соговорници и за политичкиот прогон кој го врши власта, но и за злоупотребата на судството и обвинителството од страна на Зоран Заев, информираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости