Мицкоски во Љубљана: Веќе подолг период Република Македонија е страната која ги дава сите остапки, а ништо не добила за возврат

by fokus

Оваа година, сме сведоци на позитивни моменти поврзани со пристапувањето на регионот во Европското семејство. Србија и Црна Гора се движат се понапред во процесот на ЕУ интеграција, Албанија ја доби својата прва перпорака за отворање на пристапни преговори, додека Македонија доби уште една препорака, но проблемот со името останува главна блокада, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето обраќање на конференцијата организирана од институтот Ифимес во Љубљана.

-Во врска со билатералното прашање кое постои помеѓу Грција и Република Македонија би сакал да истакнам неколку посебни аспекти битни за овој процес. До денес, опозицијата добила еден брифинг кој се случил на 27 јануари. Од тогаш не сме добиле конкретни информации во врска со овој процес. Оттука, нашата перцепција е изградена врз основа на информации од медиумите. Над се, движејќи се напред, преговорите мора да биде во опфатот на двете Резолуции на Советот за безбедност од 1993 година и Времената спогодна од 1995 година. Сепак, треба да се истакне дека Времената спогодба беше прекрешна од Грција во 2008 при ставањето на вето за членството на Република Македонија во НАТО. Пресудата а МСП, и фактот дека Грција упорно ја игнорира нејзината содржина, е доказ дека Владата на Република Македонија мора да најде решение кое ќе инкорпорира заштитни механизми со кои што принципите и одредбите на било каков договор не би можеле да биде игнорирани заради субјективни политички причини или потреби од Грчка страна. Многу добро имаме видено дека одговорноста од правна гледна точка никогаш не е сигурна со Грција. Веќе подолг период Република Македонија е страната која ги дава сите остапки, а ништо не добила за возврат. Било какво решение мора да има дигнитет, да биде во опфатот на процесот предводен од ОН, и да гарантира дека билатералните односи ќе се градат рамноправно. За жал, се повеќе изгледа како да нашата Влада е неколку чекори позади Грчката и го води процесот на преговори реактивно наместо проактивно, рече Мицкоски.

Тој додаде дека на економски план Република Македонија во последната година забележува доста негативни резултати, не е остварен очекуваниот економски раст, нема план за инвестиции во нови капитални инфраструктурни проекти ниту пак нови странски инвестиции, нема отворања на нови работни места, платите не се зголемуваат, незадоволни се сите категории на граѓани.

Поврзани новости