Хоџа: Изјавата ми е извадена од контекст, јас спасив 13 полицајци

by fokus

Џезаир Шаќири, командант Хоџа во интервју за Канал 5, вели дека не е важно само образованието, туку и искуството на терен и не гледа ништо спорно во неговото именување за советник на премиерот Зоран Заев.

За изјавата од 2015 година во која вели дека е горд на неговите другари кои убиле осум припадници на единицата „Тигри“ вели дека е извадена од контекст.

-Во тоа време кога се случи овој инцидент, сите знаат дека јас не сум ги поддржал ни тогашната криминална власт, ниту пак вооружените групи. Гледам дека е извадена од контекст мојата изјава и сега не е предметно да одговорам на таквите прашања. Зошто не ги прашате сведоците, полицајците во Арачиново, 13 полицајци кои беа заробени јас отидов и за 5 минути ги ослободив, седум се Македонци, другите се од друга националност и сите до ден денес ми се заблагодаруваат, благодарни се што јас сум ги ослободил, вели Хоџа.

Поврзани новости