ВМРО-ДПМНЕ до Хајнл: СДСМ да докаже дека нема да бара одлагање на изборите

by fokus

Владејачката партија на средбата со германскиот посредник Јоханес Хајнл, порача дека изборите се единственото решение за надминување на кризата, но дека нема да прифатат уште едно одложување.

-Изборите се прифатливо, посакувано и единствено решение за надминување на политичката криза, но базирајќи се на претходните искуства и однесување на СДСМ, тоа треба да биде без неосновано лицитирање на нови термини кои подоцна ќе бидат одлагани, стои во соопштението.

ВМРО-ДПМНЕ бара пред да се одреди датумот на избори, СДСМ да даде потврда и да се обврзе дека Избирачкиот список е прочистен,  бидејќи како што велат, за нив ова не е спорен сегмент.

Во однос на сферата на медиуми, од ВМРО-ДПМНЕ истакнале дека се залагаат да не се казнува, ниту новинар, ниту медиум за искажан став, како и за релаксирање на казнената политика и одредбите за медиумите.

 

Поврзани новости