ВМРО-ДПМНЕ бара референдум за Договорот со Бугарија

by fokus

На последната седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ била донесена одлука пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ да достави до Собранието предлог за организирање референдум за граѓаните да се изјаснат за Договорот за пријателство и добрососедство кој новата влада предводена од СДСМ го склучи со Бугарија.

-Владата на СДС во крајно нетранспарентен процес склучи Договор за пријателство и добрососедство со Бугарија кој што е небалансиран односно предизвикува обврски само за нашата држава без да предвиди никакви отстапки од бугарска страна, рече денеска на прес-конференција, Трајче Димков од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој додаде дека партијата бара народот да го одобри договорот пред Парламентот да го ратификува.

-Имајќи ја предвид важноста на овој договор, отстапките направени во него од страна на власта во Македонија, и последиците кои ќе бидат долгорочни и поприлично ќе го надминат векот на постоење на оваа влада, демократски е, и би рекле највисок демократски и морален  чин е да се даде можност за изјаснување од страна на сите граѓани на Македонија, пред членовите на Парламентот да го усвојат овој меѓународоен договор, и тој да стане валиден, рече Димков.

Поврзани новости