СДСМ и ДУИ ја поканија ДПА во владејачката коалиција

by fokus

Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев денеска ѝ порача на ДПА дека ѝ се отворени вратите за коалирање ако ги прифати програмата на Владата и проектите за кои се залага.

Отворени се опциите за заедничка соработка, рече Заев на средба со граѓаните во Чаир на која присуствуваа новиот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов и кандидатот за градоначалник на Чаир, Висар Ганиу.

На ова се надоврза Бујар Осамани од ДУИ кој рече дека отворен простор за соработка со ДПА има и од нивна страна.

Поврзани новости