Апликациите за јавен обвинител стигнаа до Советот на јавни обвинители

by fokus

Владата на Република Македонија денеска ги достави апликациите на кандидатите за јавен обвинител до Советот на јавни обвинители, потврди за МИА портпаролот на Владата Миле Бошњаковски.

На огласот за државен јавен обвинител пријавени се 23 кандидати.

Советот на јавни обвинители на барање на Владата во рок од 15 дена треба да и достави позитивно или негативно мислење во писмена форма за сите пријавени кандидати на огласот што ги исполнуваат условите согласно законот.

Владата пак потоа до Парламентот доставува предлог за именување на јавен обвинител од пријавените кандидати, за кои Советот дал позитивно мислење.

Поврзани новости