ВМРО-ДПМНЕ бадијала испрати материјали за Предлог законот за Јавно обвинителство

by fokus 10:33
10:33

Работната група на ВМРО-ДПМНЕ викендот до Министерството за правда повторно испратила материјали за Предлог законот за Јавното обвинителство, но клучните разлики и натаму остануваат.

-Викендот од ВМРО-ДПМНЕ испратија повторно материјали, но клучните разлики остануваат. Материјалите не беа во согласност со европските препораки за отворање на преговорите. Разговорите ќе продолжат, велат од Министерството за правда.

- Advertisements -

Работните групи на власта и опозицијата досега одржаа неколку средби за законот за Јавно обвинителство, со кој треба да се реши статусот на Специјалното јавно обвинителство.

Главните разлики се идниот статус и функционирање на СЈО, судбината на постапките кои веќе се почнати и употребата на доказите. 

За усвојување на законот за јавно обвинителство неопходно е двотретинско мнозинство и тој е еден од условите за добивање датум за отворање на преговори со Европската Унија.

Поврзани новости