ВМРО демантира дека Мицковски се договарал со Заев да добие 4 министерски места за поддршка на референдумот

by Фокус

Ниту Христијан Мицкоски, ниту ВМРО-ДПМНЕ е во некакви разговори со Заев за министерски места во владата, а за возрат на тоа да има успешен референдум, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ во однос на веста објавена на Журнал дека со наслов „Договор помеѓу Заев и Мицкоски за 4 министерски места, а за возврат поддршка за референдум“.

-Ниту Христијан Мицкоски, ниту ВМРО-ДПМНЕ нема намера да прави компромис со своите принципи, уверувања и јасни ставови. ВМРО-ДПМНЕ не го поддржува капитулантскиот договор со кој се предвидува смена на Уставот, бришење на зборот Македонија и смена на идентитетот и сите свои идни активности на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат во насока на потврда на оваа наша позиција за неподдршка на договорот“, стои во демантот.

Поврзани новости