Крводарителска акција во Уставниот суд денеска по повод 60 години oд постоењето

by Fokus

Уставниот суд денеска организира крводарителска акција под мотото „Биди хуман- спаси живот” која ќе се одржи во периодот од 9 до 14 часот во просториите на Судот.

Акцијата за дарување на крв се реализира во соработка со Црвен крст на иницијатива на Уставниот суд, по повод 60 години од своето постоење.

Организирањето на оваа хумана активност е иницијатива на вработените од Судот и досега се пријавени над 30 дарители од Уставниот суд, меѓу кои и судии и советници од стручната служба.

Преку оваа крводарителска акција Уставниот суд изразува солидарност и хуманост и истовремено се придружува на апелите на Црвен крст за подигнување на свеста за донирањето на крв и мотивирање на поголем број на луѓе за доброволно дарување.

Поврзани новости