ВМРО-ДПМНЕ: Мухиќ и Коѕиас потврдија дека Заев ја избриша македонската нација и се откажа од македонското малцинство

by Фокус

Се повеќе луѓе се охрабруваат да го кажат своето мислење дека со договорот со Грција всушност се врши менување на македонскиот идентитет, посочи Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

-Последната таква изјава доаѓа токму од власта и тоа од еден од најжестоките поддржувачи на картелот на власт, пратеникот на владејачкото мнозинство Ферид Мухиќ. Тој впрочем не можеше да ја сокрие вистината дека со овој договор се бришат етникумите и дека договорот поседува точки кои содржат бришење на македонската нација. Мухиќ го опишува договорот со Грција дека е најбесмислениот и најпарадоксалниот договор направен досега – истакна Стоилковски.

Другиот портпарол на опозициската партија, Димче Арсовски, пак, го обвини Зоран Заев дека се откажал од македонското малцинство насекаде во светот.

-Никос Коѕијас вчера на јавен сервис во Грција потврди дека со договорот се брише македонското малцинство насекаде на светот. Коѕијас јавно потврди: Договорот го забранува тоа. Во договорот има член за тоа. Во член 49 од Уставот на Северна Македонија се вели дека БЈРМ се грижи за македонското малцинство надвор од нејзината територија. Тој член ќе биде сменет итн – рече Арсовски.

Поврзани новости