Влезниците за концертот на Лени Кравиц пред распродажба

by fokus

Музичката мега-ѕвезда Лени Кравиц на 3 мај ќе има концерт во Скопје, а од Авалон продукција пренесоа дека влезниците за спектаклот се пред распродажба.

„Во овој момент се` уште во продажба има влезници за трибини од сите категории, но ви советуваме да побрзате бидејќи и тие влезници се трошат брзо.

Скопје ќе види многу големо шоу какво што Lenny Kravitz ќе одржи на сите свои концерти во рамките на Raise Vibration турнејата, каде што свири во сали со капацитет од 15.000 посетители па нагоре.

За концертот владее интерес во целиот регион, се најауваат и доаѓања со организиран превоз од Грција, Србија и од Косово, па ве молиме доколку не сакате да го пропуштите овој концерт, што е можно побрзо да си набавите влезници“, велат од Авалон.

Поврзани новости