Путин ги понуди најдобри руски експерти како помош за обнова на Нотр Дам

by fokus

Рускиот претседател, Владимир Путин, по трагедијата која ја предизвика пожарот во Нотр Дам во Париз, ги понуди најдобрите руски експерти како помош за обнова на катедралата.

Путин испрати писмо со поддршка до францускиот претседател, Емануел Макрон, и до целиот француски народ.

„Нотр Дам е историски симбол на Франција, непроценливо богатсво на европската и светска култура и едно од најважните места на христијанската вера“, стои во писмото.

Како што соопшти Кремљ, Путин наведува дека „Русите чувствуваат болка во срцето поради трагедијата која се случи синоќа“.

Поврзани новости