Тимовите на Владата и на ВМРО-ДПМНЕ, во текот на неделата ќе се обидат да ги доближат ставовите за пописот и новиот Закон за јавно обвинителство. Премиерот Заев пред две недели ги повика лидерите на партиите на средба по овие прашања, но лидерот на ВМРО- ДПМНЕ Ххристијан Мицкоски ја одби поканата за средба со образложение дека доколку не се разговара за предвремени избори, нема да присуствува на средбата. Ставовите на двете страни досега беа дијаметрално спротивни, па со внимание се чека исходот од новите средби, имајќи предвид оти исклучително важно е и опозицијата да учествува во донесувањето на законите.
Законот за јавно обвинителство што го предложи владата, влезе во собраниска процедура, но и пратениците ќе чекаат да видат дали ќе се дојде до компромисно решение меѓу власта и опозицијата. За да се изгласа законот, потебно е двотретинско мнозинство, односно 80 гласа, кои владеачките партии ги немаат во моментов.