Заев за состојбата во СЈО: Не се ни трудам да вртам телефони да се информирам што се случило!

by Fokus

Случувањата во Специјалното јавно обвинителство се во рацете на обвинителите и јас не треба воопшто да се мешам, па ниту добронамерно, истакна денеска премиерот на Македонија, Зоран Заев.

„Не се ни трудам да вртам телефони и да се информирам за случувањата во СЈО. Можам само да ги охрабрам, истрагата да продолжи. Секој одминат ден отвора нова дебата. За форензиките не знам ништо. Читав во медиумите а тие материјали не може никој да ги избрише. Нека си одлучат обвинителите. Сметам дека Заев не треба таму да се меша. Поединците се менливи, системот е државна обврска“, порача Заев.

Поврзани новости