На прашање од „Фокус“ зошто премиерот ја пријавил за вознемирување мајката на исчезнатото момче Пинета Секондо – Пино, Маја Трпковска, која само барала помош од него, од Владата ги негираат овие тврдења. Од таму велат дека премиерот, Зоран Заев, не ја пријавил Трпковска за вознемирување.
„Не е точно дека премиерот ја пријавил Маја Трпковска. Единствено е точно дека госпоѓата испраќала пораки, после што јавно го објавила телефонскиот број на премиерот, но не била пријавена ниту за вознемирување, ниту за било што друго“, велат од Владата.
За време на вчерашниот протест пред Собранието, Трпковска во изјава за медиумите рече дека добила пријава од Заев. Таа повторно побара од истражните органи да го пронајдат нејзиниот син.
-Контактирав со премиерот, ме пријави, имам приjaва од господинот Заев, затоа што му праќав пораки на Вибер и не одговараше на моите пораки на Вибер. И господинот Заев на човекот кој плаќа даноци му праќа приjaви. Требаше да земам една копија да си ја урамам и ставам во дневна. Затоа што кога премиерот ме пријави, сите тие што ќе ме пријават после се нула во споредба. Јас имам најубав документ, најубава пријава од господинот Заев, наместо да ми рече госпоѓо мајка сте ја сум родител, ако можам ќе ви помогнам, тој мене ме приjaвува за вознемиpyвање – рече таа.